Кога набрзина треба да дојдете до информација или да завршите некоја работа, а притоа врската на интернет е слаба, корисно е да имате при рака некоја од овие апликации за Android.

Google Go

Ова е петмегабајтна верзија на добро познатата апликација на Google за Android која ќе ви помогне при сурфање на веб кога си имате работа со нископропусна врска. Доаѓа во пакет со вградено гласовно управување кое не бара високобрзинска интернет-врска, а во поставките можете да наместите дополнителен јазик, како и помала потрошувачка на податоци.

Datally

Алатка на Google за следење и управување со податоци, поддржана од вештачка интелигенција. Овозможува следење и користење податоци, блокирање апликации и сервиси кои „ждерат“ податоци, како и приказ на околни Wi-Fi мрежи.

 

Opera Max

Бесплатна услуга на VPN мрежа, осмислена да ја намали потрошувачката на податоци. Заради заштеда, интернет-сообраќајот што не е енкриптиран ќе биде пренасочен на веб-сервисите и алгоритмите на Opera пред да се најде на вашиот уред.

Facebook Lite

Апликација која ги нуди речиси сите основни функции, освен преносите во живо, управувањето со групи и страници, и уште нешто. Ќе ги добивате сите известувања и пораки од пријателите на социјалната мрежа.



Messenger Lite
Добра алтернатива и кога не сте на слаба мрежа. Нема огласи и промоции, нема Stories и chat-ботови. Само вие и луѓето со кои комуницирате.

Youtube Go
Верзија на популарната апликација на „Гугл“ за преземање и споделување видеа на кои не им е потребна брза интернет-врска.

NetGuard

Богата апликација со функции за firewall, што ќе ви даде целосна контрола над тоа која апликација или сервис ја користи вашата интернет-врска.

Вклучете штедлив начин на работа во вашиот пребарувач

Независно кој пребарувач го користите на вашиот „Андроид“ уред, во секој ќе најдете штедлив режим на работа. Вклучете го и заштедете до 50 отсто на сообраќајот на податоци додека сурфате.

Извор: Tportal.hr