National Geographic објави видео во кое е забележана реакцијата на Елон Маск, сопственикот на компанијата SpaceX, за време на успешното лансирање на ракетата Falcon Heavy.

За потсетување, најголемата ракета на компанијата SpaceX беше успешно лансирана на 6 февруари. Станува збор за најсилната ракета на светот и претставува најголем пресврт во приватниот сектор на вселенски патувања.

Лансирањето го следел нормално и самиот Елон Маск, познат како директор на компанијата Tesla и основач на компанијата која ја изработи оваа ракета – SpaceX.

Неговата реакција за време на лансирањето, може слободно да се опише како реакција на детенце на кое му се остварил најголемиот животен сон.

Секако, Маск нема овде да застане, бидејќи Falcon Heavy има за цел да учествува во многу мисии, вклучувајќи и прва мисија со екипаж во режија на SpaceX, како и патување на Марс.

Уште поинтересен факт беше товарот во ракетата – електричен Tesla Roadster автомобил.

Автомобилот моментално лебди во вселената и крајна цел е Roadster да остане во меѓупросторот меѓу нашата и Црвената планета и во следните повеќе милијарди години да остане да кружи околу Сонцето.