На почетокот на годината стартуваше тестирањето на функцијата најавена уште минатата година, а која би можела да им донесе сериозна конкуренција на останатите дигитални паричници.

WhatsApp конечно почна со тестирање на дигиталното плаќање во рамките на апликацијата, функција најавена уште на почетокот од минатата година.

Апликацијата во сопственост на Facebook на ограничен број корисници во Индија им овозможи дигитално плаќање. А судејќи според нивните објави –  апликацијата бара потврда на телефонскиот број преку SMS, со учество на најголемите банки во земјата.

Како што пишува Engadget, Индија има најголем број WhatsApp корисници, некаде околу 200 милиони. Официјалната објава на Facebook се очекува по завршувањето на тестирањето, кога останатите облици на дигитални часовници ќе добијат конкуренција.