Пред неколку дена бевме сведоци на тоа како Елон Маск го лансираше својот стар Tesla Roadster автомобил со ракетата SpaceX на пат кон Марс, во која беше прицврстена куклата наречена Starman. Веќе од денес автомобилот може да се најде меѓу останатите небесни тела во регистарот на НАСА.

Доколку ја посетите веб страницата NASA Horizons и кај опцијата change впишете SpaceX, па потоа и кликнете на generate ephermisќе ги добиете сите детали за автомобилот како небесно тело, како и неговата позиција во вселената. Преку овој систем НАСА ги следи сите тела во Сончевиот систем како сателитите, планетите итн.

Деталите за Tesla Roadster откриваат дека автомобилот содржи и мини модел на Tesla со Starman и копии од серијата романи Foundation на Исак Асимов сместени на хард диск.