Првично претставен на пазарите во Индија и Кина, каде наиде на добар прием, моделот Honor 9 Lite сега е достапен и на пазарите во Западна Европа.

Honor 9 Lit“ има систем од четири камери (13MP + 2MP, и напред и позади), со што дополнително ќе ја зајакнат својата пазарна позиција следејќи го трендот на паметни телефони со две селфи камери.

Oд останатите карактеристики, овој смартфон поседува и „FullView“ екран со дијагонала од 5,65 инчни во однос 18:9. Го одликуваат и тенките рабови на рамките на екранот.

Смартфонот го користи процесорот „HiSilicon Kirin 659“, кој се наоѓа и во моделот Honor 7X.

Honor 9 Lite има 3GB RAM меморија и 32GB простор за складирање на податоци. Уредот го користи оперативниот систем „Android Oreo“. Телефонот во Европа е достапен на пазарите во Германија, Италија, Шпанија, Франција и Велика Бранија по цена од 229 eвра.

Извор: B92.net