Сопственикот на „Спејс Екс“, Eлон Маск најави дека има нови планови за испраќање на леталото „Фалкон Хеви“ во земјината орбита.

„Фалкон Хеви“ е најмоќна ракета на компанијата, која што беше успешно тестирана. Маск изјави дека следното лансирање ќе биде за три до шест месеци. Според него, реализацијата на овие планови ќе зависи од брзината со која неговата компанија ќе може да го произведе средниот дел од ракетата.

Во следните тестови „Фалкон Хеви“ во земјината орбита ќе лансира комуникациски сателит на Саудиска Арабија, а ќе врши и тестирање на транспорт на товар за потребите на американскат армија.

Според Маск, ова летало може да превезува товар на оддалеченост до Плутон, па дури и подалеку.

– Одлична работа околку ракетата „Фалкон хеви“ е тоа што таа ја подигнува границата во превозот на товар, Може да понесе двојно поголем товар од сите останати ракети во светот и да стигне до Плутон, па дури и подалеку, без запирање, додаде Маск.