Apple продаде рекордни 18 милиони паметни часовници во 2017

Минатата година според продажбата била рекордна за паметните часовници на Apple, бидејќи според податоците компанијата на пазарите ширум светот има испорачано 18 милиони паметни часовници.

Само во четвртиот квартал од минатата година, технолошкиот гигант од Купертино – Калифорнија, испорача осум милиони уреди, што е најголем број досега на испорачани модни електронски уреди во еден квартал, не само за Apple, туку за било кој производител.

Паметниот часовник на Apple од „Серијата 3“, со опција за поврзување на мобилната LTE мрежа, односно со бројот на мобилниот телефон на корисникот, а кој минатиот септември беше претставен на пазарот и чија цена на „Best Buy“ е 329 долари, кој е клучен дивигател за растот на продажбата.

Компанијата минатата година продала нешто помалку од девет милиони уреди од „Серија 3“, што се чини речиси половина од вкупните испорачани паметни часовници од Apple во 2017.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 3 =