Највисокиот суд во Франција донесе закон со кој на возачите им се забранува да ги користат телефоните додека возат, но им се забранува дури и да се паркираат крај пат за да го користат телефонот. Наместо тоа, тие ќе мора да се паркираат во гаража или приватен паркинг и да го изгаснат возилото пред да го земат телефонот во рака.

Законот следува откако еден возач во 2017 година поднесе жалба дека бил казнет затоа што го користел телефонот додека бил паркиран на обиколница во вклучени трепкачи. Според новиот закон, возачите кои ќе пишуваат пораки на телефон, а не се паркирани во гаража или на паркинг ќе бидат казнети со казна од 135 евра и ќе добијат три негативни поени во возачката дозвола кои ќе важат три години, пишува The Verge. Истата казна ќе следува доколку го користат телефонот додека возат. Законот не важи за уреди за кои не треба да се користат рацете и прави исклучок за итни повици, како, на пример, во случај да се излизгале надвор од патот.

Француската влада зазеде активен став во однос на преземањето мерки за спречување на смртните случаи на патиштата. На пример, минатиот месец владата ја разгледуваше мерката одземање на возачките дозволи на возачите кои ќе бидат фатени дека го користат телефонот додека возат, Според едно истражување направено минатата година од страна на организацијата за безбедност на патиштата во Франција, Sécurité Routière, околу 10% од сообраќајните несреќи се случуваат поради користење телефони.