Како што веројатно знаете, Apple изминативе неколку месеци е под голем притисок од корисниците што беа изненадени од потврдата за намерно забавување на уредите. Apple го оправда ова забавување со стабилноста на системот, но за корисниците тоа не е доволно. За да им угоди на многубројните корисници што сакаат побрзи перформанси, Apple понуди намалена цена за замена на батеријата.

Како да проверите дали Apple го забавува вашиот уред?

Иако постојат голем број апликации што можат да го анализираат вашиот уред и да проверат дали неговите функции се забавени, постојат веб-страници што го прават тоа бесплатно, ако имате „ајфон 6“ или кој било понов уред.

Сѐ што треба да направите е да ја посетите веб-страницата SlowApple и да го почнете тестот што ќе ви даде идеја колку вашиот уред е забавен. Ако имате вклучен „Low Power“ режим, исклучете го пред тестирањето. И, секако, страницата посетете ја преку уредот што сакате да го тестирате.

Притиснете „Go“ и почекајте неколку секунди да заврши тестот. Исто така, можете да го проверите статусот на батеријата преку Settings>Battery. Ако постои некој проблем, ќе ја добиете пораката: „Your iPhone battery may need to be serviced“.

Извор: Tportal.hr