Пред 14 години, на 4 Февруари 2004, тогаш непознат студент Марк Цукерберг во својата соба го основа Facebook.

Марк сакал да овозможи платформа за полесна комуникација со своите пријатели, а не можел ниту да претпостави дека после само неколку дена ќе има повеќе од 50.000 луѓе регистрирани на Facebook.

Останатото е историја која и е позната на милиони луѓе ширум светот – Facebook се прокламираше во најголемата социјална мрежа и еден од најголемите изуми на 21 век.

Во 2007 година Facebook стана популарна мрежа и на балканот, а во август 2008 година бројката на корисници на оваа социјална мрежа се искачи на 100 милиони.

Во периодот од 2004 до 2018 година, свој Facebook профил направиле околу 2.13 милијарди луѓе ширум светот.

Извор: Index.hr