Логото на Mozilla Firefox не е лисица

Цело време сме живееле во заблуда. Интернет-прелистувачот Firefox на Mozilla објави дека планира да го промени своето лого, но вниманието на луѓето го привлече нешто сосема друго. Корисниците од овој прелистувач дури сега го забележале значењето на оригиналното лого на оваа компанија.

Она што на многумина им се чини како круг со црвена лисица (како што и самиот наслов на прелистувачот сугерира), всушност е нешто сосема поинакво. Ако малку подобро се разгледа знакот, ќе видите дека црвените нијанси потсетуваат на лисица поради што многумина заклучиле дека тоа е огнена лисица, особено поради името на самиот прелистувач.

Сепак, сите што така мислат – грешат. Дизајнерите на Firefox, всушност, биле инспирирани од целосно друго животно, црвените панди. Firefox, всушност, е прекарот што му е дадено на ова животно. Иако постојат и такви што го знаат ова, на интернет многумина останаа збунети поради ова сознание.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 5 =