И од претходно се претпоставуваше дека постојат планети и надвор од Млечниот пат, но се до последното откритие немаше потврда за тоа.

Научниците од Универзитетот во Оклахома ги открија првите планети кои се наоѓаат надвор од нашата галаксија. Најдалечните планети што успеале да ги забележат се наоѓа на 27 илјади светлосни години од Земјата и се означени како SWEEPS-04 и SWEEPS-11.

Меѓутоа, за да може да се истражува вселената подалеку од тоа, потребни се поинакви техники. Една од нив е користење на гравитациони леќи, односно масивни објекти во вселената, како што се галаксиите, кои со своето гравитационо поле ја привлекуваат светлината од далечни извори на патот кон Земјата.

Тие може да бидат употребувани како леќи, со помош на кои ќе се проучуваат далечни галаксии и црни дупки.

Феноменот на гравитациони микро-леќи се употребува на ѕвездите, додека во овој случај изворот на светлина бил квазар, со чија помош се откриени планетите во галаксија оддалечена 3,8 милијарди светлосни години.