Последниот креативен маркетиншки потег на KFC е кутија за храна, поточно пилешки крилца. Консументите на храната од овој синџир во Индија кои нарачаа Smoky Grilled Wings, ексклузивен производ за овој регион, добија пилешки крилца во кутија која може да се расклопи и да се претвори во дрон.

Како што пишува PSFK, oвој дрон потоа може да се поврзе и на bluetooth. Кутијата се вика KFO или Kentucky Flying Object (Кентаки летачки предмет“ и еден од серијата гаџети кои KFC ги лансираше, претежно на азиските пазари.