Минијатурен робот може да „плива“ низ човечкото тело и да спасува животи (ВИДЕО)

Тим на научници од институтот „Макс Планк“ од Штутгарт, Германија, развија гумен, мал робот кој што по изгледот и движењето потсетува на црв и ќе може да се користи во медицински цели.

Роботот кој што е помал од паричка е изработен од мек гумен материјал со магнетни честички. Научниците го користат магнетното поле кое што им овозможува контрола на начинот на кој што роботот се движи. Тие за германските медиуми откриле дека биле инспирирани од медузите, гасениците и сличните животни и инсекти при развојот на минијатурниот робот.

Овој „црвобот“ прави неверојатни работи, може да скокне, да плива, а благодарение на својата мазна површина може лесно да се движи низ човековото тело. Научниците велат дека е дизајниран да „патува“ низ вените и да доставува лек на потребното место, а може да се движи како во влажно, така и во суво опкружување.

Иако има разни можности, Метин Сиди кој што ја водел студијата, изјави дека се уште го сметаат за „минималистички робот“. Тој тврди дека роботот е толку мал, што можеме без проблеми да го проголтаме, а потоа и да го исфрлиме со уринирање.

Сиди изјави дека со неговиот тим работат на уште еден мал робот кој што е изработен од биоразградлива материја. Таквата верзија на роботот, после успешно завршената задача едноставно ќе се разгради во самото тело без никакви проблеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty + eight =