Компанијата Oukitel произведе смартфон кој неодоливо потсетува на новиот iPhone X на Apple, но неговата цена е далеку помала од онаа на телефонот произведен од американскиот гигант.

Се работи за смартфонот Oukitel U18, чиј изглед на горниот дел и екранот потсетува на iPhone X, додека долниот раб е многу сличен на телефоните на Samsung. На страничната страна има копче кое е слично со она кое го има телефоните на LG.

HD+ екранот од 5,8 инчи е заоблен, но неговата резолуција изнесува 1.512х720 пиксели. Уредот има 1,5 GHz MediaTek octa-core процесор, две моќни камери од 16 MP и 5MP, предна камера од 12 MP, а го напојува батерија од 4.000 mAh.

Неговата внатрешна меморија е 64 GB, а поседува и 4 GB RAM. Покрај тоа, има и Face ID технологија за отклучување, на која ѝ е потребно само 0,1 секунда за да го изврши овој процес.

За првите 999 купувачи цената изнесува 160 долари, додека стандардната цена на телефонот е 180 долари.