Истражувачи пронајдоа огромна населба на Маите во џунглите на Гватемала

Истражувачи кои користеле високо-технолошки уреди за мапирање на карпи, пронашле десетици илјади претходно неоткриени куќи, објекти и пирамиди во густата џунгла на регионот Петен во Гватемала кои и припаѓале на цивилизацијата на Маите. Овие наоди докажуваат дека на тие простори живееле многу повеќе луѓе отколку што досега се претпоставуваше.

Студијата проценува дека веројатно околу 10 милиони луѓе живееле на тие простори, што значи дека биле спроведувани и практики за масовно производство на храна.

„Тоа е два до три пати повеќе (жители) отколку што претходно се мислеше“, рекол Марчело Кануто, професор по антропологија на Универзитетот Тулан.

Истражувачите користеле техника на мапирање наречена „лидар“. Станува збор за ласерско скенирање на земјиштето кое открива контури скриени од густото зеленило. Сликите покажале дека Маите ја обработувале земјата на многу поопсежен начин отколку што досега се мислело – во некои области, 95% од почвата се користела за земјоделство.

„Нивното земјоделство било многу поинтензивно и поодржливо отколку што мислевме, а тие се обидувале да го култивираат секој сантиметар од почвата“, вели Франциско Бели, професор на Универзитетот Тулан, истакнувајќи дека древните Маи дури сушеле мочуришта со цел да ја користат земјата за одгледување на замјоделски производи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + 10 =