Google Flights е исклучително корисна алатка за планирање на патувања и за пребарување на евтини авионски билети, а во најновата верзија ќе работи како пророк – ќе предвидува дали ќе доцнат авионите пред и самите компании да го најават доцнењето.

Од Google најавија дека новата опција во нивниот софтвер се базира на историски податоци, но и на машинско учење. Своите прогнози ќе ги споделуваат со вас доколку барем 80% се сигурни во нив, а без оглед на тоа ќе ве советуваат кога навреме да тргнете на аеродром.

Прогнозите ќе можете да ги видите со едноставно пребарување по бројот на летот или рутата. Сега ќе се олесни и пребарувањето евтини летови, каде што со секоја цена ќе бидат прикажани и ограничувањата на евтиниот лет како просторот за рачен багаж, изборот на седиште или трошоците за куфери кои не се или се вклучени во цената.

Извор: 24sata.hr