Amazon е новиот највреден бренд во светот според извештајот на Brand Finance Global 500. Компанијата успешно се позиционираше пред своите главни конкуренти Apple и Google благодарение на својот годишен раст од 42% и вредност од 150,8 милијарди долари.

Една од причините која придонесе за неверојатниот раст на компанијата е преземањето на синџирот маркети Whole Foods во август минатата година.

Apple се задржа на втората позиција со вредност од околу 146,3 милијарди долари, но се смета дека на долг рок, најверојатно, нема да претставува закана за Amazon, главно заради прекумерната зависност од продажба на само една линија на производи, односно уредот iPhone.

Googleкој се наоѓаше на првото место, сега падна на трето, со релативно мал раст од само 10%, на 120,9 милијарди долари. И тука забавувањето е условено главно од прекумерното потпирање на одредени сектори, како што е онлајн огласувањето.

Првите пет позициите на листата ги надополнуваат Samsung (92,3 милијарди долари) и Facebook (89,7 милијарди долари) и ова е за прв пат сите пет врвни позиции на светската листа да ги држат технолошки компании.

Кинеските брендови се приближуваат и најдоа место меѓу првите дваесет рангирани компании на листата, но се претпоставува дека ќе ги стигнат американските технолошки брендови во иднина. Alibaba, во сопственост на милијардерот и основач Џек Ма, бележа раст од 58% до вредност од 56 милијарди долари и се позициронираше на дванаесеттото место.