Инсталацијата на дополнителна заштита од сè поголемиот број опасни вируси што кружат на интернет станува приоритетна задача за сите. Ви претставуваме програми кои повеќепати се покажале како многу ефикасна мерка против несаканите и злонамерните софтвери.

AVG Antivirus Free

 

Оваа програма е направена за корисници што сакаат заштитниот софтвер постојано да им испраќа потсетници дека мора да направат скенирање, да ја надградат базата на податоци и така натаму. Овој софтвер оди и чекор понатаму, па постојано ги потсетува корисниците на некои од своите навистина одлични функции. И без оглед колку е гласен или напорен, AVG Antivirus Free е навистина многу добар софтвер. Интерфејсот е многу едноставен, програмата штити од закани кои се спуштаат на вашиот компјутер, но и од сомнителните линкови, а сето ова може да се контролира од мобилниот уред. Апликацијата може да ја преземете овде.

BitDefender Antivirus Free

 

Ова е тивок и ненаметлив антималвер. Се работи за софтвер кој не поставува премногу прашања при инсталацијата, само тивко си ја работи својата работа без да ве вознемирува. BitDefender во себе содржи B-Have, посебна функција која ги препознава програмите што чудно се однесуваат, скенира линкови и проактивно скенира „спајвери“ и „малвери“ кои може да ги препознае и во случај да не се нотирани како такви. А што е најдобро од сè, BitDefenedеr не содржи реклами или потсетници за својата „целосна верзија“. Тој го штити вашиот компјутер, и тоа го прави многу солидно. Оваа програма можете да ја преземете овде.

Emsisoft Emergency Kit

 

Повеќето безбедносни софтвери, како антивируси и антималвери, настојуваат да го спречат злонамерниот софтвер од моментот кога ќе се појави на вашиот систем. Emsisoft Emergency Kit е тука ако сè тргне наопаку – тој ја поправа штетата што малверот веќе ја направил. Оваа програма е направена за пренесување – се работи за антималвер кој можете да го складирате на УСБ и кој бара многу мали ресурси – (доволни му се само 200 МБ Рам). Повеќе информации за оваа апликација, како и линк за преземање, можете да најдете овде.

Malwarebytes Anti-Malware

 

Се работи за извонредна апликација со редовно ажурирана база на вируси кои вашиот компјутер ги прегледува и ги чисти темелно и ефикасно. Единствениот вистински проблем во врска со оваа програма е тоа што не поседува никаква заштита во вистинско време. Она што го нуди бесплатната верзија е заштита која можете да ја користите во период од две недели, по што со нејзиното згаснување ве мотивира да ја купете целата програма. Да бидеме јасни, што се однесува до скенирање и чистење, овој антималвер е беспрекорен. Единствено мора да се соочите со фактот дека ќе треба да имате и друга програма за заштита паралелно со оваа апликација, која ќе го штити вашиот компјутер во текот на целиот ден. Malwarebytes Anti-Malware можете да го најдете овде.

Spybot Search And Destroy

 

Оваа прастара безбедносна алатка е направена за елиминација на малверите и за поправка на нанесената штета. Но оваа програма не нуди активно скенирање на системите, ниту пребарување на вируси. Накратко кажано, се работи за софтвер кој најдобро е да се користи откако сè ќе тргне наопаку. Треба да водите сметка дека на интернет постојат многу лажни верзии на Spybot кои се создадени да направат штета наместо да помогнат. Легитимна и „чиста“ верзија на оваа апликација можете да најдете овде.

Извор: Tportal.hr