Супер популарниот Mario Kart се сели на смартфоните

Nintendo ги најави плановите за следната финансиска година и еден од нив предизвика многу позитивни реакции кај публиката.

Имено, компанијата има намера да ја направи легендарната видео игра „Mario Kart“ достапна за смартфони, iOS и Android. Според информациите од Nintendo, во периодот од април 2018 година до март 2019 година можеме да очекуваме на пазарот за смартфони да се појави апликација со име „Mario Kart Tour“.

Засега нема детали околу тоа каква ќе биде играта, ниту пак дали ќе биде директна копија на популарната „Mario Kart“, но токму „Mario Kart“ франшизата е една од најголемите во рамките на Nintendo, па се очекува дека нема да има премногу измени во однос на оригиналната игра. Вчера компанијата објави дека продала 14,86 милиони Switch конзоли, и преку 7 милиони примероци од играта „Mario Kart 8 Deluxe“.

Nintendo има уште неколку наслови кои би можеле да бидат претворено во игри за смартфон. Оригнално, компанијата планираше да издаде пет игри за смартфон до 2017 година, но досега излегоа само „Super Mario Run“, „Fire Emblem Heroes“ и „Animal Crossing: Pocket Camp“.

Минатата година The Wall Street Journal објави дека Nintendo работи на игра за смартфон која ќе го содржи насловот „Legend of Zelda“.

Извор: Tportal.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + 15 =