Apple најави дека на своите корисници ќе им даде можност да ја исклучат софтверската алатка која може да ги забави перформансите на уредот.

Се очекува оваа промена да се случи на пролет, со објавување на најновиот оперативен систем за мобилни уреди iOS.

Уште еден од најавените новитети на претстојниот оперативен систем ќе биде и алатка која ќе им овозможи на корисниците да видат во која состојба се наоѓа батеријата и со тоа да забележат дали е потребна евентуална поправка.

Исто така, нема да заостане ниту новиот пакет на анимирани емотикони, уредена апликација за здравје, опција за гледање на музички спотови без реклами, како и опција во Apple апликацијата за вести, која нуди можност за гледање на најважните видео вести.

Соопштението следеше после серијата на жестоки критики и лутење на корисниците, поради веста дека Apple тајно ги забавува оперативните системи на постарите iPhone уреди.

Веста околу забавувањето прво се појави во извештаите на интернет, за потоа во декември да следи и признание од компанијата Apple.

Извор: B92.net