Јапонците се познати по необичните изуми, но последниот кој што доаѓа од Нисан би можел да стане вистински хит. Барем меѓу родителите и нивните деца.

Имено, инспирирани од автономните возила, во Нисан добиле идеја да развијат автономни папучи. Тоа нема да значи дека тие самите ќе шетаат, туку дека после користењето, самите ќе се „паркираат“ на своето место. Тоа значи дека нема да има повеќе неред во вашиот дом и папучите секогаш ќе бидат на своето место.

Од Нисан автономната технологија ја развиваат пред се за автомобилите на иднината, но инжинерите на оваа компанија сфатиле дека нема да биде на одмет истата технологија да биде вградена и во кујнските предмети.

Благодарение на технологијата, уредите кога нема да бидат во употреба, секогаш ќе се враќаат на своето место.

Доколку сакате да ја тестирате оваа технологија, ќе треба да ја посетите Јапонија, односно ProPilot Park Ryokan каде што папучите за гостите, масите, па дури и традиционалните перници за седење на подот се опремени со автономна технологија.