Компанијата „Основа“  го избра победникот на меѓународниот конкурс за проект за комплекс со мешовита намена во центарот на Москва. Тоа е архитектонската компанија MVRDV и нивниот проект Silhouette. Проектот е инспириран од соседните конструктивистички згради и претставува современа концепција која ја истражува геометријата во својот дизајн. Објектот има површина од  52.000m² со луксузни станови и комерцијални содржини во самиот центар на руската метропола.  Со височина од 78 метри ќе овозможи исклучителен поглед на Москва и ќе биде нов додаток на „силуетата“ на градот.

Модуларниот систем овозможува зградата да има различен облик и внатрешна типологија, додека истовремено обезбедува компактни и пространи станови. Обемот на зградата е обликуван на начин кој обезбедува разновидност, кос покривен пејсаж и добар поглед на градот. Извонредната црвена боја на фасадата не е само поради вклопување во околниот амбиент, туку и заради потврда на карактерот на објектот како топло и добредојдено место за живот и работа.