Турскиот аматерски фудбалски клуб Харунустаспор за првпат во светската историја успеа да купи фудбалер со биткоини. Како што објавија повеќе турски медиуми, Харунустаспор успеа да реализира трансфер на младиот 22-годишен фудбалер Омер Фарук Кироглу, за кога беа платени 0,0524 биткоини, што е сума еквивалент на околу 440 евра.

Ова е првпат во историјата на фудбалот, некој трансфер да биде исплатен во криптовалута.

Претходно се појави и информација дека хокеарскиот клуб Рунгштед од Данска им понудил на своите хокеари платуте да им ги исплаќа во биткоини.