Австралиски научници тврдат дека се на добар пат да откријат лек за се поопасните супербактерии за кои досега нема антибиотик кој може да делува ефикасно. Според истражувањата на научниците од Универзитетот во Бризбејн, тие успеале да синтетизираат супстанција откриена уште во 1970 година, која успешно се бори со проблемот на резистентност на антибиотици против моќните и отпорни супербактерии.

Станува збор за лекови од групата на октапептини. Тие биле откриени во 1970 година, и, според научниците, досега медицината многу малку ги истражувала и користела. Во мноштвото антибиотици, оваа група лекови е скоро тргната на страна.

Научниците ги синтетизирале антибиотиците од октапептините, по што ја зголемиле нивната ефикасност против резистентните грам-негативни бактерии.