Новиот Vivo е смартфон со најмногу RAM меморија некогаш

Во последните неколку години се сметаше дека 8GB RAM меморија е и повеќе од доволна како за персоналните десктоп, така и за преносните компјутери.

Но, откако истата таа количина на меморија почна да се појавува и во мобилните телефони, експертите проценуваат дека таа искрено повеќе служи за докажување на можноста на одредени произведувачи отколку реална потреба.

Сепак, се чини дека наскоро ќе добиеме и еден паметен телефон кој, кога е во прашање количината на меморијата, ќе оди еден чекор понапред. Станува збор за моделот наречен Vivo Xplay7 кој, според актуелните информации, ќе содржи дури 10GB RAM, односно два повеќе од поголемиот дел актуелни флегшип модели.

Како што пишуваат медиумите за технологија, Vivo нема намера да застане тука – Xplay7 ќе добие и знајачно проширување на просторот за складирање на податоци кој ќе достигнува 512GB. Исто така, овој модел ќе се заснова на Snapdragon 845 процесор и ќе има 4К екран.

Со оглед на тоа што Vivo веќе претстави паметен телефон под чиј екран се наоѓа скенер за отпечатоци од прсти, се верува дека таа опција исто така ќе се најде и на новиот модел.

Освен горенаведеното, од компанијата засега не дале повеќе детали за овој уред.

Извор: B92.net

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × two =