Автономните и електричните автомобили уште од сега го менуваат начинот на кој што ќе патуваме по улиците и автопатите во идинината, а AirSpaceX од Детроит сега го прикажале нивното aвтономно летачко такси наречено MOBi-ONE.

MOBi-ONE може да пренесува 2 до 4 патници (или товар со тежина од околу 200кг) во радиус од 100км, вклучувајќи аеродроми и урбани центри. Дизајнот му овозможува вертикално полетување како хеликоптер, а потоа репозиционирање на крилјата за да лета како авион со максимална брзина од 400км/ч.

Патниците ќе имаат на располагање широкопојасна конективност во поглед на интернетот, а таксито ќе има вградено V2X систем за избегнување на судари, како и системи за испраќање на безбедносни пораки. Во почетокот, иако се работи за автономно летало, во него ќе биде присутен пилот на секој лет.

Освен како такси, MOBi-ONE има потенцијал да се користи за медицински и евакуирачки цели, како и за истражувачки и набљудувачки мисии.

Леталото ќе биде спремно за демонстрирање почнувајќи од 2020, а компанијата има план да лансира 2500 вакви летала до 2026 во 50-те најголеми градови во САД.