Реткиот астрономски феномен – “суперкрвава Месечина” ќе биде видлив во среда, по 36 години, од некои делови на Земјата.

Овој настан предизвика голема возбуда бидејќи на 31-ви јануари ќе се спојaт три необични лунарни појави: супермесечина, сина Месечина и потполно помрачување на Месечината.

За жал, Европа не е помеѓу местата од кои овој редок настан ќе биде видлив. Во оваа глетка ќе можат да уживаат жителите на Северна Америка, Азија, Блискиот Исток, Русија и Австралија.

“Тоа е редок астрономски триплет”, вели Кели Бити, уредник на списанието “Sky and Telescope”.

Оваа појава се јавува на секои две години и осум месеци. Супермесечината се јавува кога Месечината е најблиску до Земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј, Месечината изгледа 14 отсто поголема и 30 отсто посјајна. Тие две појави не се толку ретки, но во комбинација со истовременото помрачување на Месечината е нешто што не се случило цели 36 години.

За време на помрачувањето, Месечината ќе биде во Земјината сенка, а белиот диск ќе добие портокалова или црвена боја. На тој начин “сината Месечина ќе се претвори во крвава”.

Порамнувањето на Сонцето, Месечината и Земјата ќе трае еден час и 16 минути. Во западните делови на САД и Канада, овој феномен ќе биде видлив пред зората, а на Блискиот исток, во источна Русија, во Австралија и во Нов Зеланд ќе биде видлив навечер, кога Месечината излегува.

Спротивно од помрачувањето на Сонцето, набљудувањето на Месечината може безбедно да се набљудува со голо око.

“Има многу супермесечини и помрачувања, но реткост е тоа да се случи за време на сина Месечинa”, вели професор по физика и астрономија на универзитетот во Дејтон.

“Порамнувањето на тие три циклуси, тоа е чудо кое треба да се види”, вели тој.

Последен пат, овој феномен се случил на 30-ти декември 1982 година, а бил видлив во Европа, Африка и западна Азија.

Извор: B92.net