Паметните телефони кои што се продаваат под брендот на Energizer се присутни веќе долго, но новиот модел сега полека пристигнува и на европскиот пазар.

Energizer Power Max P600S е паметен телефон чија што предна страна според многумина потсетува на LG V30 со нешто „подебели“ рабови. Телефонот располага со 6-инчен екран со резолуција од 2160х1080 пиксели, а на задната страна се сместени две камери со 13, односно 5 мегапиксели.

На предната страна има камера со резолуција од 6 мегапиксели, а новиот телефон на Energizer може да се пофали со одлични 6 GB RAM и 64 GB интерна меморија која што може да се прошири со помош на microSD мемориска картичка.

Телефонот е опремен со моќна батерија од дури 4,500 mAh која што овозможува 12 часа разговор или 400 часа во stand-by mode, а паметниот телефон поседува и MediaTek процесор и користи оперативен систем Android Nougat.

Задната страна на телефонот е изработена од специјална пластика која што е имитација на изработка од карбонски влакна, а телефонот веќе пристигнува на европскиот пазар и се продава по цена од 360 евра.

Извор: Klix.ba