Dell го претстави новиот Chromebook 5190

Компанијата Dell носи нова понуда во Chromebook линијата на лаптопи, а тоа е серијата 5000 која што носи низа на нови можности, работи на Chrome OS и е фокусирана на едукацијата.

Првиот уред од новата серија на Dell ќе биде Chromebook 5190. Станува збор за лаптоп со 11-инчен екран кој што ќе се продава како „обичен“ лаптоп, но и како хибриден 2-во-1 уред и ќе може да се користи како таблет.

Новоста кога станува збор за овој модел, односно во случајот на Chromebook серијата секако е USB-C портот, како и поддршката за користење на пенкало. Секако, тука е и опционалната камера која што овозможува правење на фотографии и кога компјутерот се користи како таблет.

Што се однесува до останатите спецификации, новиот Chromebook 5190 доаѓа со нешто подобар хардвер од постоечките Chromebook лаптопи на Dell. Chromebook 5190 поседува батерија која што овозможува работа до 10 часа, а купувачите можат да изберат и четиријадрен, наместо двојадрен Intel Celeron процесор.

Новата Chromebook серија 5000 е наменета пред се за користење во училниците, а од Dell тврдат дека лаптопот ќе може да „преживее“ и падови од висина до 1,2 метри.

Продажбата на новиот Chromebook 5190 на Dell ќе започне во февруари и новиот лаптоп ќе се продава по цена од 289 долари за основниот модел. Тоа е за 70 долари повеќе во однос на основниот модел од серијата 3000. Најмоќната верзија на Chromebook 5190 со најдобра конфигурција најверојатно ќе чини околу 400 долари.

Извор: Klix.ba

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 + twelve =