Сите сме навикнати на вообичаениот ритам според кој Apple една година претставува iPhone со поголеми промени во однос на претходната генерација, па веќе следната година на пазарот излегува негова „надградба“.

Минатогодишниот модел притоа обично и понатаму останува во понуда, но цената му е пониска за 100 или повеќе од 100 долари.

Нешто слично би требало да се случи и оваа година, кога на есен Apple ќе го претстави наследникот на моменталниот смартфон iPhone X.

Меѓутоа, доверливиот аналитичар Минг-Чи Куо од компанијата KGI Securities, за медиумите вели дека Apple за својата „десетка“ има нешто поинакви планови, односно компанијата после пласирање на нов модел на пазарот, планира моделот iPhone X потполно да го повлече од производство, а не да го продава по пониска цена.

Со намалување на цената на овој премиум уред, на пример на 900 долари, додека на полиците се наоѓа нова верзија од по 1.000 и повеќе долари, би се канибализирала продажбата на новиот модел и би се намалила вредност на брендот.

Од таа причина, iPhone X веројатно ќе се произведува само до ова лето, кога сите капацитети ќе бидат свртени на нов модел, или на повеќе нови модели.

Мин-Чи Куо предвидува и дека во понудата ќе влегуваат два сосема нови модели – iPhone X Плус со екран од 6.5 инчи и неименуван модел од 6.1 инчи, со Face ID технологија.

Извор: B92.net