Технологијата би можела да предизвика Трета светска војна, доколку лидерите на земјите не пронајдат начин да соработуваат и да ги ублажат негативните ефекти, изјави денес сопственикот на „Алибаба“, Џек Ма.

„Првата технолошка револуција ја предизвика Првата светска војна, а сега кога сме на прагот на нова војна, тоа би требало да биде војна против болестите, загадувањето и соромаштијата, а не војна притотив нас самите“, изјави Џек Ма на Светскиот економски форум во Далас.

Тој додаде дека човештвото може да биде среќно, бидејќи светот се трансформира поради новата технологија, од која може да профитираат успешните луѓе, но и да се отвораат нови работни места.