Холандскиот бизнисмен Бас Лансдорп има намера да изгради „лебдечки градови“ во горната атмосфера на планетата Венера. Според него, климата во 48 километри над површината на планетата наликува на Медитеранот, па хипотетички, под одредени услови, можно е да се организира и живот за луѓето од Земјата.

Венера се смета за “сестра” на Земјата. Двете планети имаат слични димензии и маса. Сепак, Венера е премногу блиску до Сонцето, поради што температурата на нејзината површина достигнува 462 ° C. Покрај тоа, атмосферата на планетата е исклучително густа. Атмосферскиот притисок на површината на Венера е речиси 90 пати повисок отколку на површината на Земјата, а Венера е лишена од кислород и вода.

Се претпоставува дека на почетокот атмосферата на Земјата била слична на Венера. Посебен вид на микроорганизам – цијанобактерии – го апсорбирале јаглеродниот диоксид и го создале потребниот кислород за човештвото. Слични процеси може да се повторат и на Венера, сметаат експертите.

Научниците не ја исклучуваат можноста некои едноклеточни организми да живеат биде во горните слоеви на атмосферата на Венера, каде што се ослободува и јаглерод диоксид. Јадејќи го, микроорганизмите можат да ја трансформираат атмосферата на Венера од јаглеродна киселина во кислород. Идејата на Лансдорп за развој на „лебдечки градови“ на Венера во моментот се чини нереална, но Холанѓанецот е решен во следните декади да работи со најголемите умови на денешницата и да најде решение за реализација на проектот.