Оперативниот директор на компанијата Twitter, Ентони Ното, поднесе оставка од таа позиција, со цел да ја преземе челната функција во една друга компанија.

Ното на Twitter тимот му се приклучи во јули 2014 година кога беше именуван за финансиски директор, пренесува агенцијата АП.

По најновите вести, акциите на Twitter паднаа за повеќе од три проценти, бидејќи Ното беше важен фактор во лидерскиот тим.

Ното заминува во компанија „Social Finance“, каде ќе ја обавува функцијата извршен директор.