„Глобал гејм џем“ од 26 до 28 јануари во Скопје

„Глобал гејм џем“ е најголемиот интернационален настан за креирање игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации во целиот свет во вид на 48-часовен маратон.

Како дел од „Интернешнл гејм девелоперс асосиејшн“ неговата цел е да ги обедини сите што креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2017 година на „Глобал гејм џем“ се сретнаа 36.000 џемери, се одржа на 702 локации во 95 земји и беа создадени над 7.000 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа речиси 1.200 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од разни сфери за заедно да креираат игри, да разменуваат знаење и да остваруваат контакти.

Досега се создадени 121 видеоигрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Македонија беше на 5. место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан на жител. Оваа година организаторите сакаат да го подобрат тој пласман преку зголемување на бројот на учесници.

„Глобал гејм џем“ во Скопје го организира Македонската асоцијација за развивање игри (МАГДА) и оваа година ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ. За учесниците се обезбедени непрекинат интернет-пристап, храна, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и за одмор. Во текот на работата ментори ќе им помагаат на учесниците и ќе одржуваат кратки предавања. За најиновативните тимови и поединци се обезбедени награди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 8 =