Rocket Lab првпат успешно лансираше ракета во Земјината орбита

Американската вселенска стартап компанија Rocket Lab ја лансираше својата прва експериментална ракета Electron во Земјината орбита.

Ракетата вчера успешно полета од приватната платформа за лансирање на Rocket Lab во Нов Зеланд и по 8 и пол минути таа распореди три комерцијални сателити во орбитата.

На овој начин Electron ја исполни нејзината мисија, што значи дека сега е спремна за мали комерцијални летови.

„Успешното лансирање на нашето вселенско летало е многу значајно за нас, но уште позначајно е распоредувањето на товар низ орбитата. Rocket Lab беше основана со цел да се отвори пристапот кон вселената, како подобро би ја разбрале нашата планета за да го подобриме животот на неа“, рече директорот на Rocket Lab, Питер Бек.

Големата амбиција на Rocket Lab е компанијата да биде посветена на лансирање на мали комерцијални летови во вселената. Баш поради тоа ракетата Electron не е баш голема. За разлика од ракетата Falcon 9, која ја направи компанијата Space X, а која е висока 54 метри, ракетата Electron е висока само 16,7 метри. Капацитетот на ракетата е ограничен на 225 килограми, додека Falcon 9 може да понесе товар од скоро 23.000 килограми.

Во вчерашниот лет Electron носеше со себе сателит Dove, кој се користи за фотографирање и него го направи компанијата Planet, како и два Lemur сателити од компанијата Spire, кои се дизајнирани за следење на бродови.

Лансирањето на ракетата Electron чинеше 4,9 милиони долари.

Извор: Klix.ba

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + five =