Facebook го лансираше новиот „производ“ – единица време со име flick („флик“). Наводно, се работи за најмалата единица на време која е поголема од наносекунда и е дефинирана како 705.600.000 дел од секундата.

Наносекундата, пак, е милијардити дел од секундата, што значи дека „флик“ е долг 1.41723356 наносекунди.

Веројатно се прашувате на што се должи оваа единица за време и што недостигало на постојниот начин на мерење на времето. Имено, „флик“ е составен од зборовите „фрејм“ и „тик“ (рамка и момент) што претставува број на фрејмови (рамки на сликата) во единица време. Благодарение на „флик“, бројот на фрејмови може да се прикаже без децимали и синхронизирано со постојните стандарди на бројот на фрејмови, во игрите, на пример.

Програмерите веќе го користат „флик“ во креирање на кодови во рамките на „C++“, а се покажало како доста корисно во однос на креирањето на визуелните ефекти, идејата за создавање на „флик“, потекнува од 2017 година, кога тоа го предложил Кристофер Хорват.

Извор: Klix.ba