Ирски научници ќе садат краставици на Марс

Ирскиот Технолошки универзитет во Лимерик создаде посебни зеленчукови семиња кои, како што велат оттаму, „ќе можат да растат на планетата Марс“, објави магазинот Life. Со тоа, садењето краставици и компири на Црвената Планета е се поблиску до реалноста, сметаат научниците.

Набргу, генетски модифицираните растенија израснати од овие семиња ќе бидат пренесени на Антарктикот, за да се види како екстремно ниските температури влијаат врз нив. Потоа, „марсовските” домати, краставици, зелка, спанаќ и јагоди, ќе бидат подложни на секакви „стрес тестови“, за да се откријат сите можни недостатоци на ова генетски модифицирано семе.

Едно од најважните својства на растенијата е тоа што им е потребно многу малку вода, потоа, составот на почвата практично нема речиси никакво значење, ниту пак ниските температури.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × three =