Instagram Stories добива уште една интересна функција. Корисниците од неколку земји забележуваат дека сега имаат можност за објавување на GIF-ови, кои можат да се пронајдат во вградениот Giphy search engine.

Функцијата е веќе достапна во некои региони, вклучувајќи ги Бразил, Индонезија и Филипините, а се тестира помеѓу помал број корисници од ноември минатата година. Се очекува дека наскоро сите корисници на Instagram ќе можат да користат GIF-ови.

Она што е интересно кај  GIF-овите во Instagram Stories е дека имаат транспарентна позадина, што значи дека можат да уфрлат фотографии кои корисникот сам ги поставил.