Функцијата за безжично полнење на паметните телефони веќе е на цена во целиот свет. Станува збор за исклучително погодна технологија, брза и сосема некомплицирана. Сепак, кај телефоните од средна класа, оваа технологија беше тешко замислива.

Компанијата AllCall одлучи да се бори на пазарот на телефони со средна цена сo промоција на моделот Mix2 кој е уред со безжично полнење. Станува збор за смартфон кој има осум јадрен процесор, 6 GB RAM и екран со минимални рамки. Покрај тоа, Mix2 деновиве е на голем со попуст, што дополнително го прави пристапен за оние кои немаат намера да „фрлаат“ големи пари за добар смартфон.

AllCall Mix2 има 6-инчен екран со резолуција 2160х1080 пиксели, сооднос 18: 9 и минимални рамки. На задниот дел од телефонот е поставен скенер на отпечатоци од прстите, а отклучување на уредот е за само 0,1 секунда. За безбедност на личните податоци, Mix2 исто така вклучува опција за скенирање на лице.

Mix2 исто така е опремен со двојна главна камера (13 и 8 мегапиксели), 8-мегапикселна селфи-камера и капацитет на батерија од 3500 mAh. Батеријата поддржува брзо полнење со моќност од 15 вати и безжично до 10 вати.