Извршниот директор на Apple, Тим Кук е последен во низата технолошки бизнисмени што предупредија на потенцијалниот ризик од социјалните медиуми.

„Немам деца, но имам внук на кој му одредив некои граници. Има работи што нема да ги дозволам, а меѓу нив се и социјалните мрежи“, изјавил Кук. Тој не застанува само на социјалните медиуми, туку рекол и дека не верува во идејата дека најдобри технологии се оние со кои сме веќе опседнати.

„Не верувам во прекумерна употреба на технологијата. Не сум некој што ќе рече дека сме постигнале успех ако постојано ја користиме“, објаснил Кук.

Директорот на Apple се приклучил на сега веќе многубројни познати лица од светот на технологијата што во последните години изразија загриженост поради негативното влијание на технологијата врз нашите животи, посебно од страна на социјалните медиуми.

Првиот претседател на Facebook, Шон Паркер призна дека му помогнал на Марк Цукерберг да изгради „чудовиште“, изјавувајќи дека само Бог знае „што тоа им прави на мозоците на нашите деца“. Уште еден поранешен функционер во Facebook, Чамат Палихапитија, истакна дека социјалните мрежи можат да го уништат општеството преку „краткотрајни допамински импулси“. Тие се само двајца меѓу многуте загрижени поради ефектот што го имаат друштвените мрежи врз секојдневниот живот.

Од друга страна, од Facebook изјавуваат дека сакаат да помогнат. По 2017 година, кога се обидоа да вовлечат уште млади корисници, Зукерберг изјави дека сега сака да ги поправи овие важни проблеми.

Иако е прв чекор, засега ништо не е направено. Цукерберг треба да ги објави плановите кога ќе почне со решавање на тие проблеми, како и кои проблеми од социјалните мрежи планира први да ги поправи.