Покрај најразличните мапи, на „Твитер“ се појави мапа со најпопуларните канали на „Јутјуб“. Всушност, станува збор за јутјуб-каналите со најголем број претплатници.

Во Франција најмногу претплатници има каналот на Дејвид Гета, во Британија каналот на Ед Ширан, во Норвешка каналот на Алан Вокер.

Кога станува збор за регионот, на Хрватите најинтересен им е „2Челос“, на Словенците „Тајгер Продакшнс“, на Босанците „Империја“, а на Србите каналот „Ај-Ди-Џеј Видеос“. Од нашата земја, каналот на Оливер Тодоровски е оној со најголем број претплатници.

Извор: B92.net