Најголемата криптовалута биткоин е стока, но не е платен систем, велат од Visa

Visa исто така истакнува дека биткоинот или другите криптовалути нема да бидат вклучени на нивната платформа.

“Не го гледам како играч во платниот систем”, изјави генералниот менаџер Алфред Кели.

“Visa нема да ги објави трансакциите кое се базирани на криптовалути”, рече директорот на најголемата компанија за кредитни картички во светот.

Биткоинот е замислен како алтернатива на централизираните валути. Сепак, минатогодишниот раст од 2.000 проценти создаде простор за шпекуланти кои заработуваат брзо. Како што расте биткоинот, се соочува со проблеми како што се високите трошоци,спорите трансакции и нестабилните цени.

“Мислам дека денес биткоинот е многу повеќе стока со која некој може да тргува, и тоа искрено, многу шпекулативна стока”, рече Кели.

Да се потсетиме, Visa ја прекина соработката со добавувачот на дебитни картички кој издава картички поврзани со криптовалути.