Кога првите колонисти ќе заминат на Марс, нема да мораат да ја носат храната со себе. Доволно ќе биде да го земат семето кое е изум на Технолошкиот Универзитет во Лимерик, Р. Ирска.

Во наредните денови, производите од долготрајното истражување на одгледувачите од Технолошкиот универзитет во Лимерик ќе одат на една од станиците на Антарктикот, за да ги минат завршните тестови за приспособливост на услови слични на оние на Црвената планета. Имено, на станицата на Антарктикот семето ќе биде одгледувано на температура која паѓа и под минус 40 степени, со дополнителни тестови кои ќе бидат потврдени во неколку фази. Втората фаза ќе биде експериментално одгледување на садниците со ова семе на Меѓународната вселенска станица. Во групата од 15 култури кои учествуваат во проектот се вклучени домати, краставици, три сорти на зелена салата, бибер, ротквица, спанаќ, јагоди и ароматични билки.

„Нашата цел е да одгледаме растенија, кои не само што може да живеат, туку и да даваат плодови во екстремни услови“,  вели шефот на истражувачката група од Лимерик, Мишел МекКенон Бенет.

„Работевме долго и напорно за да создадеме култури кои ги поседуваат сите нивни посебни карактеристики и за вкус и хранливост“, дополни.

Уникатна карактеристика на овие растенија е фактот дека нивниот животен циклус е дизајниран да се одвива во крајно ограничени околности и ресурси, како вода, воздух, ѓубрива и електрична енергија.