Леден хотел со мотиви од „Game of Thrones“

Големите фанови на тв-серијата „Game of Thrones“, кои одамна сонуваат да ги доживеат Седумте кралства можат да добијат неверојатно искуство благодарение на новиот хотел кој се отвори во Лапонија, Финска.

HBO Nordic во соработка со лапландските хотели „SnowVillage“ го изгради хотелот “Thunder Game”, кој е дел од синџирот хотели создадени од снег и мраз. Се наоѓа во одморалиштето Китила, на 200 километри над северниот поларен круг и на околу 90 минути возење од Хелсинки.

Хотелот има 24 соби, од кои десет се за гости кои престојуваат само преку ноќ.

Дизајниран од професионални скулпори на мраз од целиот свет, секоја соба вклучува ледена фигура поврзана со популарниот телевизиски серијал базиран на романот на Џорџ Р. Р. Мартин.

Температурите во внатрешноста стигнуваат до -5 степени, така што гостите имаат висококвалитетни термички вреќи за спиење, како и топол сок од боровинки наутро. Ако гостите сакаат да бидат дел од ова неверојатно искуство подолго од една ноќ, домаќините ќе ви обезбедат сместување во некоја од топлите дрвени кабини на SnowVillage.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + three =