Извршниот директор на компанијата на Apple Тим Кук изјави дека следниот update iOS11 ќе им дозволи на корисниците сами да одлучат дали системот „намерно“ да ја забавува работата на телефонот, бидејќи тоа ќе биде од корист за батеријата или не.

Откако минатиот месец компанијата призна дека намерно ги забавува постарите модели на iPhone поради можни проблеми со батеријата, јавноста се крена на нозе, а компанијата се соочи и со неколку тужби.

Во интервјуто за ABC News, Кук вели дека новиот update iOS11 кој ќе биде пуштен следниот месец ќе има можност да им дозволи на корисниците сами да избираат.

„Ќе им понудиме на луѓето увид во здравјето на батеријата и тоа ќе биде многу транспарентно. Тоа досега не сме го правеле“, изјави Кук.

Кук исто така истакна дека iOS 11 ќе ги информира корисниците за автоматското редуцирање на перформанси за да се спречи гасењето на телефонот одеднаш.

„Ако тоа не го сакате, исклучете го“, нагласува Кук и додава дека тоа сепак не се препорачува.

Инаку,  Apple им се извини на корисниците поради намерното забавување, а со новиот update корисниците ќе имаат можност сами да избираат.

Извор: Klix.ba