Првиот робот кој што доби државјанство – Софија, на американскиот модел Криси Теиген ѝ одговори на навредите преку својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Се започна во декември минатата година кога роботот Софија на Твитер објави фотографија на која што држи јаболко и ги прашува своите следбеници дали можат да погодат во кој град заминува.

Моделот Криси Теиген на тоа ѝ одговори: „Се надевам дека ќе одиш таму каде што има подобар шминкер“, приоа алудирајќи на изгледот на Софија. Но, Криси набрзо беше изненадена откако се случи нешто што никој не очекуваше – одговор од роботот кој што работи на вештачка интелигенција.

Во својот Твит, Софија напиша: „Изгледа и двете сме на CES. Сакаш да се сретнеме? Ми требаат некои совети за шминка“.

„Роботот Софија знае дека ѝ ја навредив шминката. Таа може да разбере навреда. Како да заспијам сега?“, напиша Криси.

Иако е очигледно дека ја разбира навредата, сепак роботот Софија не се налути, а после краткото допишување со Криси таа веднаш се спријатели и ја повика да се сретнат. Ново пријателство помеѓу човек и робот е на повидок, а поуката од оваа приказна ви ја препуштаме на вас.