Земјиното магнетно поле денеска ќе биде погодено од соларна бура, феномен кој може да влијае на електромрежата, сателитите, авионските линии и може да предизвикува застој на целата планета.

Геомагнетното поле привремено ќе ѝ попречи на земјината магнетосфера, а ќе биде предизвикано од сончевата активност. Ударниот бран и облак на магнетното поле на сончевиот ветер заедно со сончевите факели и короналниот исфрлувач на масата ќе го нападнат магнетното поле на нашата планета три дена по активноста на нашата ѕвезда, Сонцето.

Бурите обично траат ден до два, но можат да потраат и подолго. Американскиот центар за предвидување на временските услови во вселената и Агенцијата за проучување на океаните и атмосферата (NOAA) ја квалификувале оваа бура како G-1, што значи дека таа бура ќе биде со најслаба јачина.

Но, сепак, соопштија дека сеедно би можела да предизвика „слаби осцилации на мрежните станици и да има помало влијание на сателитските операции, како и на животните кои мигрираат“.

Бурата од категорија G-5 би влијаела и на електричната енергија и безбедносните системи ширум светот. Би можело да дојде до целосно нарушување на системите на компјутерските мрежи и да има големи оштетувања на електричните трансформатори, што би предизвикало недостиг на струја. Бурата со јачина G-5 може да им наштети и на радиобрановите и така да создаде повторен хаос во општеството. Можно е да не работат мобилните телефони, GPS и интернетот.