На годинашниот Саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас, LG го претстави првиот телевизор со светот кој може да се свитка во ролна и за само неколку секунди да се спакува во мало куќиште. Досега имавме прилика да видиме само водоотпорни и заоблени телевизори, но многумина го поставуваат прашањето за што би ни користел телевизор кој се витка во ролна.

Пред се, LG се потруди телевизорот да биде заштитен кога не се користи. Кога е во куќиштето овој телевизор целосно е безбеден и заштитен од секакви влијанија, па е одличен за луѓето кои имаат немирни деца или домашни миленици кои би можеле да го оштетат.

Втората причина поради која наоѓа во мало куќиште е лесно да можете да го преместите каде што сакате, а можете дури и да го носите со себе на патувања и така секогаш да уживате во квалитетна слика. Ако сте деловен човек кој често патува, се што ви треба е лаптоп и овој компјутер.

Телевизорот има опција со која можете да ја подесувате неговата големина, така што не мора секогаш целосно да го вадите од куќиштето туку можете да си направите екран по желба. Засега е направен само прототип телевизор, но од L велат дека моделот наскоро ќе се најде во продажба, само што на продажниот модел куќиштето ќе биде уште поубаво и помало.

Цената моментално не е позната, но сигурни сме дека овој телевизор нема да биде ни малку евтин. Воодушевени сме и едвај чекаме да се најде на пазарот.

Извор: Zimo.hr