IKEA ги повикува жените да уринираат на најновата реклама (ВИДЕО)

Најновата маркетинг кампања на Ikea е навистина несекојдневна. Шведскиот гигант знае дека дури и за најголем попуст на некој производ потребна е некоја впечатлива реклама. Токму затоа компанијата ја најми шведската рекламна агенција Akestam Holst за да креира кампања која истовремено е тест за бременост.

Рекламата на IKEA ги повикува жените да уринираат на фотографијата од лулка за бебиња, која е на огромен попуст. На дното на страницата, всушност, се наоѓа лента од тест за бременост, кој функционира како сите други – треба да почекате неколку минути за да ги видите резултатите. Но, наместо да чекате да се појават одреден број ленти, плус или да се смени бојата, доколку тестот е позитивен, жената ќе може да ја набави лулката по цена за 50% пониска од оригиналната.

Како што пишува CNBC, промотивната кампања е објавена во познатото шведско списание за жени Amelia. „Секојдневниот живот понекогаш знае да стане досаден, но исто така има и магични моменти кои го менуваат од корен. Сакаме да бидеме со вас кога ќе се случат тие битни моменти и преку најновата кампања ‚Каде што се случува животот’ го покажуваме токму тоа. Моментот на креирање нов живот е највистинскиот“ велат од IKEA.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 2 =